Лесновската црна дудинка прогласена за природна реткост

157

Црната дудинка (Morus nigra L.) која се наоѓа во дворното место на манастирот „Свети Гаврил Лесновски” во Лесново, Општина Пробиштип со решение од Министерството за животна средина е прогласена за природна реткост.

Лесновската дудинка е стара над шестстотини години, со неа се поврзуваат голем број легенди поврзани со лековитоста на нејзините плодови. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов вели дека  дудинката е неразделен дел од Лесновскиот манастир и претставува едно од значајните обележја на манастирот, што ја става на исти ранг со прочуениот Охридски Чинар.

–Ова е прв случај, Пробиштип да добие вакво признание во делот на природата, прогласување на природна реткост. Ваквите природни реткости се од искличително значење за заедницата, за развојот на туризмот и промоција.Добивањето на ваков посебен статус, претставува само мотив плус за локалната самоуправа да продолжи и понатаму во заложбите околу заштитата на природното наследство-изјави Анастасов.

Тој додава дека следен чекор е  конзервација односно преземање на мерки за заштита на оваа исклучителна природна реткост, како и чекори за промоција на црната дудинка.