Лесковчани „версус“ Карлеуша во акција „Едно евро да не пее Јелена“

180

Здружението „Движење за Лесковац“ почна да собира пари во акцијата „Едно евро да не пее Јелена“ и на штанд во центарот на градот, во близина на стоковната куќа. Оваа кампања е покрената со идеја граѓаните да соберат 20.000 евра кои ќе и бидат понудени на Јелена Карлеуша да не пее на лесковачката „Роштилијада“, а доколку одбие, парите ќе одат за лекување на децата од Лесковац на кои итно им е потребна помош.

Од ова здружение,како што пренесоа српските медиуми, рекле дека со собирање на пари излегле и на улица за да им овозможат на сите кои сакаат да помогнат тоа да го направат на најлесен можен начин.

„Со уплата на донација нашите граѓани би биле дел од бојкотот против сето она што не мачи со децении, а тоа се џанк, кич, реални шоуа… За оваа акција се зборува на целиот Балкан, а имаме можност оваа реакција на Лесковчани да ја претвориме во темел на кој ќе се заснова поубава, културна и достоинствена иднина на Лесковац“, изјави Игор Јовановиќ од ова здружение.