„Лепеза“ од похован модар патлиџан: Совршено и вкусно

300

Совршен и декоративен оброк, кој може да го подготвите набрзина, а за вкусот нема дискусија. Се што ви е потребно е модар патлиџан, количината зависи од тоа за колку луѓе подготвувате, зачини, јајца за поховање, малку брашно и презла.

Начинот на подготовка е следниот: Модриот патлиџан исечкајте го на листови до самата дршка, но не до крај. Вака исечен посолете го и оставете го десетина минути, да ја испушти водата. Потоа со хартиени кујнски брисачи впијте ја водата.

Вака исцеден, ставете го во брашно, и внимателно ставете од брашното во исечените надолжни кришки, да има и од внатрешната страна. Потоа, изматете јајца, ставете во нив малку сол, мешани зачини, бибер и други зачини по желба и ставете го модриот патлиџан во смесата. На крајот ставете го во презла и повторете ја истата постапка, да има презла низ целиот патлиџан.

Ставете го на хартија за печење на која сте намачкале маслиново масло, а потоа и врз така подготвениот модар патлиџан напрскајте со масло. Печете 15 минути на 200 степени.

Уживајте во вкус!