Лепа Брена парољупка, да или не? Има нов бизнис од 300 илјади евра – покрај пеењето, ќе произведува чорапи против целулит 

393

Чорапите се составени од хијалуронска киселина и златни наночестички. Ги има во различни бои, но најмногу се бараат црните. Не се гледа целулит, не се гледаат лузни, проширени вени, нозете изгледааат совршено. Освен тоа помагаат да немате болки, објасни пејачката на која навредите поради овој бизнис најмногу и ги упатиле токму од Македонија!

Пејачката Лепа Брена од како ја продаде Гранд-продукцијата за неверојатните 30 милиони евра, од пред некој ден открива дека стартувала со новиот бизнис. Таа заедно со сопругот Боба Живојиновиќ се впуштила во нова уште похрабра деловна работа од која очекува да стане мултимилијадерка.

По тој повод, оваа многу популарна балканска естрадна ѕвезда направи официјална медиумска промоција на својата колекција на женски чорапи. За нив пред многу присутни новинари, појасни дека тие чорапи не се обични, туку специфични кои успешно го кријат целулитот, проширените вени и секој друг недостаток. Идеални се за жените кои имаат сериозни здравствени проблеми со нозете.

Нејзиниот бренд е наречен “Лејди Б“, а како што откри за време на промоцијата, сите негативни коментари кои јавноста ги упатувала на сметка на изгледот на жените повозрасни од 50 години, биле мотив повеќе да го започне бизнисот со овој вид на чорапите.

-Чорапите се составени од хијалуронска киселина и златни нано-честички. Ги има во различни бои, но најмногу се бараат црните. Ова се чорапи кои без проблем можат да се носат со мини здолништа. Не се гледа целулит, не се гледаат лузни, проширени вени, нозете изгледааат совршено.                                                                              Освен тоа помагаат да немате болки во нозете. Ќе ги носат девојки и жени од најразлични професии, од готвачки, собарки, докторки, службенички, полицајки…. па, се до балерини. Јас 40 години пеам и танцувам на доста високи потпетици, а тоа е убиствено за нозете. Веќе една година ги носам на секој мој концерт или настап и верувајте ми  дека немам ни трошка од некоја мака во врска со болките, со некоја нелагодност. Се е како што треба со моите нозе. Порано се мачев. После секој концерт морав да заминам во кревет, да ги одморам нозете. Често ми потекнуваа. Сега не морам директно во кревет. Како да сте, например, некоја птичка која секој момент ќе полета. Такво е чувството, воодушевено изјавила пејачката.

Но, сепак сите не се воодушевени од новиот бизнис на Лепа Брена. Најмногу негативни коментари се упатени до неа, преку социјалните мрежи. Дури има и многу такви навредливи. И тоа, да не ви се верува, навредливите пристигаат најмногу од Македонија. Нашите “критичари“ се загрижени затоа што, велат, дека Лепа Брена претерала со фото-шоп. – Невкусна е, видете и го само меѓуножјето. На што личи? Што гола не се сликала!                                                                                                 И една наша “загрижена Госпоѓа“ не можела да не се воздржи,  па остро напишала: – На младите девојки им  личи, ама на Лепа Брена стара крава, не бива до толку. Имај, жено барем малку срам!

Лепа Брена наскоро ќе наполни 63 години, но годините не и се познаваат. Не крие дека има правено повеќе пластични операции, но многумина и замеруваат, дека лошо се направени, па изгледа извештачено. Го нема природниот изглед на лицето. Сепак од се, нејзините “долги нозе за играње“ како што самата вели во својата песна “Вито тело за гледање“ се најпровокативниот дел од телото на Лепа Брена. Тоа е нешто за што Американцците поодамно и имаат предложено, своите нозе да си ги осигура на милион долари. Тоа Лепа Брена се уште не го направила. Штета!  (Д.М.)