Лепа Брена не била поканета на свадбата на синот на Цеца!

340

Свадбата на синот на Цеца, не престанува да ги вознемирува луѓето ширум Балканот. Последната информација која стаса до медиумите се однесува на Лепа Брена. Сега, па каква врска има Лепа Брена со Вељко Ражнатовиќ? Има, има. Врската е таа што Лепа Брена воопшто и не била поканета на свадбата на деценијата. Поради тоа почнаа да се шират многу невистини, шпекулации и лаги, толку многу што ја предизвикало самата Цеца да даде изјава:

-Добро што ви е луѓе. Па, Лепа Брена освен што во тоа време не беше во Србија, таа и не беше поканета на свадбата од страната на син ми и снаата. Јас немав право, а и не сакав да се мешам во нивниот избор на гостите.
Со тоа само се потврдија поранешните муабети дека Цеца и Лепа Брена никогаш и не биле ниту добри колешки, а уште помалку добри пријателки.Помеѓу нив две не постои комуникација. Дознаваме дека Лепа Брена заминала во Монако, каде одмара, а друштво и прват белата пудлица и неколку нејзини другарки. Свадбата на Вељко не и била присатна ниту на сон. Д.М.