Поранешниот тенисер Боба Живојиновиќ ѝ купи многу скапа јахта на сопругата Лепа Брена(Фахрета Јахиќ)! Познатата брачна двојка беше во Херцег Нови, каде што Лепа Брена одржа концерт. Во името на новата скапа јахта се уште вљубените Боба и Лепа Брена на дождот се шетаа по пристаништето во градот, а потоа со пријателите заминаа на ручек за да ги честат. Освен новата јахта, вниманието на минувачите го привлече и облеката на пејачката. Таа во Херцег Нови се шеташе по тренерки и патики, а врз себе носеше бела бунда. Многумина коментираа дека ваквиот стил не ѝ личи, дека таа додуше знае да утне со облекувањето, но сега навистина утнала во својот моден избор. Но ете, со јахтата не утнала!  Д.М. фото:Инстаграм