Холивудскиот Казанова, Леонардо ди Каприо деновиве е снимен на забава во Лос Анџелес во друштво со 19-годишната манекенка Еден Полани. Фотографијата на славниот актер со израелската убавица веднаш покрена лавина шпекулации дека на повидок е нова љубов.

Ди Каприо на забавата се појавил без неговата наводно нова девојка Викторија Ламас (23) и цела вечер бил со убавата Израелка.

Еден Полани е популарна израелска манекенка со над 200.000 следбеници на Инсѕтаграм. Многумина забележале дека Еден неверојатно многу наликува на Викторија Лама, а на забавата таа привлекувала внимани облечена во одело „на пруги“ и бела блуза.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eden Polani (@edenpolanii)

Атрактивната Еден медиумите ја поврзуваа со израелскиот милијардер, Гил Офер (32) и пишуваа дека двојката се крие од јавноста затоа што Еден се уште била малолетна кога ја почнала врската со Гил кој е 13 години постар од неа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eden Polani (@edenpolanii)

Но, во меѓувреме на нивната романса и дошол крај, а Еден сега ужива во друштво со холивудскиот заводник.