ЛЕОНАРДО БОНУЧИ: Италија повторно им одржа лекција

122

Стрелецот на израмнувачкиот погодок за Италија, Леонардо Бонучи, по натпреварот изјави дека трофејот се враќа дома, во Рим.

  • Историски погодок, сонот стана реалност, но сите сме заслужни за овој успех, како тренерот, така и сите фудбалери. На почетокот од подготовките сите почувствувавме нешто поинакво, во споредба со минатото. Ја имавме потребната самодоверба, верувавме во себе, делувавме како една целина. Ова е како шлаг на тортата, сега сите сме легенди. Прекрасно е чувството да го добиеш трофејот пред 65.000 гледачи, но трофејот се враќа дома, во Рим. Мислеа дека ќе остане во Лондон, жал ми е за нив, но Италија повторно им одржа лекција.