Ленче и Горан Кукиќ со македонска песна ја воодушевија публиката во Словачка – Од еден настап за паметење

341

Ја исполнивме и незаборавната и омилената песна „Болен ми лежи Миле Попјорданов“. Добивме долготрајно ракоплескање, луѓето со насмеани лица ги извикуваа нашите имиња. Некои, од радост, и заплакаа. Имаше и свештени лица кои плачеа иако не го разбираат македонскиот јазик. Инаку, овој петок тие ќе настапат во нашето Валандово со свој концерт кој ќе биде во рамките на Валандовскиот фолк-фест 2022.

Нема таков во Македонија, а и подалеку во македонската дијаспора кој не ја знае музичко-брачната двојка, пејачите со извонредни гласовни можности, феноменалните струмичани Ленче (поранешна Дедејска) и Горан Кукиќ. Тие деновиве се присетија на едно од незаборавните гостувања во Република Словачка (поранешна Чехословачка), и тоа пред короната, па споделија грст одлични впечатоци. Ветија дека повторно ќе ѝ се вртат на тамошната публика. Но, еве како тогаш поминаа…

– Бевме гости во чест на празникот, во Терхова, Словачка, на празникот Св. Кирил и Методиј. Нè поканија од општината Терхова. Ние сме во волонтерскиот хор на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ од Струмица, па така ја добивме поканата, за што сме навистина горди. Таму имавме програма со македонски песни во хорска изведба. Ја исполнивме и незаборавната и омилената песна „Болен ми лежи Миле Попјорданов“. Добивме долготрајно ракоплескање, луѓето со насмеани лица ги извикуваа нашите имиња. Некои, од радост, и заплакаа. Имаше и свештени лица кои плачеа иако не го разбираат македонскиот јазик.

Јас и Горан настапивме во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Терхова, заедно со Државната филхармонија на Словачка – воодушевено раскажа убавата Ленче, (за ТВ магазин на ТВ Сител), додавајќи дека малку недостигало и таа да заплаче од преголем наплив на емоции, но успеа некако да се воздржи, така што на моменти го криеше лицето настрана.

Инаку, Ленче и Горан Кукиќ со децении успешно опстојуваат на естрадната сцена, настапувајќи соло, во дует или често заедно со својата група „Јупитер“. Овој петок ќе настапат во Валандово со свој концерт кој ќе биде во рамките на Валандовскиот фолк-фест 2022.

Сепак, ѝ станаа уште попознати на пошироката јавност на просторите на поранешна Југославија со победата во мегашоуто „Никогаш не е доцна“. Тие го имаат синот наследник Иван, кој ја продолжува семејната традиција. Тој е студент на Музичка продукција и дизајн на звукот во Белград, градот на потеклото на семејството Кукиќ. Велат дека Иван најмногу научил како да владее со инструментот од својот професор во Скопје, маестро Благој Маротов. И веќе се успешни настапите на Иван, како член во ритам- секцијата на триото на Влатко Стефановски. (Д.М.)