Иако пред само неколку часа се пишуваше дека кошаркарот на Торонто, Каваи Ленард, ќе одржи финални преговори околу неговата иднина во НБА-шампионот, сепак најновите шпекулации говорат дека е пред преселба во Лос Анџелес.

Трансфер – рокот во НБА-лигата стартува ноќта помеѓу недела и понеделник, а уште во првите часови се очекува Ленард да седне на преговарачка маса со еден од тимовите од „Градот на ангелите“ – Лејкерс или Клиперс. И двата тима го посакуваат во своите редови, меѓутоа според американските медиуми Ленард веќе договорил состанок со челниците на „езерџиите“.

Откако минатата година го донесоа Леброн Џејмс, неодамна потпишаа и со Ентони Дејвис, Лејкерс има јасна амбиција за наредната сезона, а тоа е шампионската титула во НБА лигата. Евидентно е дека за такво нешто потребен им е кошаркар од калибарот на Ленард, кој сезонава му ја донесе првата титула на Торонто, па затоа ќе се обидат со сите сили да го договорат крај себе.