Лемурите и патасите се освежуваат со овошен сладолед

137

Разладување на овие високи летни температури не бараат само луѓето, туку и животните од скопската Зоолошка градина.

За да им го олеснат престојот на своите станари, кои се најпогодени од топлото време, вработените од Скопје ЗОО им прават сладоледи за освежување.

Така, лемурите си добија сладолед. По фотките се гледа дека многу им се допадна. Патасите, пак, си добија замрзнат десерт.

Минатата година Скопје ЗОО заедно со фирмата „Вивакс“ постави клими во пет живеалишта на мајмуните, потоа во внатрешниот дел на живеалиштето на жирафите, кај слоновите и во ветеринарната амбуланта со цел налето да се разладуваат, а на зима да им ги затоплуваат живеалиштата.

(С.Бл.)