Европскиот шампион со Германија во 2016 година, Фин Лемке, реши на 31 година да ја заврши кариерата. Ракометарот познат по својата игра во одбрана, висок 210 сантиметри, објави дека се повлекува од професионалниот ракомет откако ќе му заврши договорот со Мелсунген.

Причината е неуспехот во санирањето на повредата на десното стапало, со која се здоби во 2021 година и неуспешното враќање на терен. Лемке дојде во Мелсунген во 2017 година од тимот на Магдебург, а потекнува од Лемго, чиј дрес го носеше до 2015 година.