Лекот за ковид-19 е „пет пари“, но треба да се увезе!

„Редемсивир“ иако беше најавуван како клуч во борбата со ковид-19, се повеќе го губи здивот, но сè поголем е бројот на студии кои ги покажуваат позитивните ефекти од еден друг антивиремик, „фавипаривир“, кој за среќа го имаме и кај нас и пред се на еден стар и добро познат антихелминтик „ивермектин“, кој за жал не е достапен во Македонија за употреба кај луѓе. Овој лек покажува позитивни резултати во сите фази на заболувањето. Молнупиравир е нов антивиремик сè уште во клиничка фаза II/III кој покажува одлични резултати како многу потентен селективен антивиремиквели д-р Беќаровски.

288

Потрагата по лек кој ќе може уште во раната фаза на инфицираност да го елиминира вирусот ковид 19 или пак да ја намали неговата патогеност сеуште трае. Токсикологот Нико Беќаровски за весникот ВЕЧЕР изјави дека би било одлично доколку пред масовната вакцинација да се пронајде долгоочекуваниот лек, кој ќе може да ја одложи вакцинацијата и да овозможи дополнителни испитувања на вакцините, пред се на Фајзеровата, која е потполно нов и досега неприменуван облик за вакцинирање на хуманата популација.

-На располагање имаме 2-3 антивиремици и антихелминтици, кои имаат помал или поголем успех. „Редемсивир“ иако беше најавуван како клуч во борбата со ковид-19, се повеќе го губи здивот, но се поголем е бројот на студии кои ги покажуваат позитивните ефекти од еден друг антивиремик, „фавипиравир“, кој за среќа го имаме и кај нас и пред се на еден стар и добро познат антихелминтик „ивермектин“, кој за жал не е достапен во Македонија за употреба кај луѓе. Овој лек покажува позитивни резултати во сите фази на заболувањето. Молнупиравир  е нов антивиремик се уште во клиничка фаза II/III кој покажува одлични резултати како многу потентен селективен антивиремик, вели д-р Беќаровски.

За „ивермектин“ како многу евтин и многу ефикасен лек зборува и вирусологот, д-р Никола Пановски. Тој вели дека лекот се применува во Австралија, Индија, но е толку е евтин што дури не се ни шверцува.

-„Ивермектин“ најмногу го знаат ветеринарите, тоа е лек кој постои одамна, го даваа во Австралија со „доксицилин“ го даваа во Индија, Бангладеш, Египет и имаа резултати со евтин лек. Тоа нешто кажува дека нешто не е во ред во борбата со пандемијата, ако луѓето пиеја евтини, ама фантастични лекови, да помогнеше државата ќе беше поинаку, бидејќи и онака сакаат да пијат лекови. Треба да се размисли итно да се дава лек кој спасува животи, лекот постои 50 години треба да се набави, лекот е многу евтин. Толку е евтин што дури не го ни шверцуваат. Ама ние сме свртени кон Запад. Австралија почна да го дава прва и ефектот е добар, рече тој.

Според него, „ивермектинот“ може да се пие кај здрави кои биле во контакт, кај болни, а дава ефекти и кај пациенти кои завршиле во болница.

-Некои бараат големи студии, ако се почне сега ќе завршат во јуни. Има еден научник во Америка вели подобро да пијат „ивермектин“, кој би чинел 3,5 милијарди, отколку вакцина која чини 13,7 милијарди долари, вели Пановски

Според д-р Беќаровски, среќа е што не сме во првите држави каде што започнува вакцинацијата бидејќи ќе има доволно долг период да се согледаат евентуално неочекуваните несакани дејства покрај стандардните кои секако ќе се јават.

-Од друга страна вакцинацијата во моментот изгледа како единствено решение за оваа светска пандемија. Би било идеално да се овозможи избор помеѓу повеќе проверени вакцини,меѓутоа дефинитивно масовната вакцинација е предуслов за конечно сузбивање на пандемијата, изјави за весникот ВЕЧЕР, д-р Беќаровски.

Од друга страна, на интернет и по разни портали се појавија безброј непроверени рецепти и лекови кои наводно спречуваа зараза и успешно ја лекуваа оваа болест. На црниот пазар, се купуваат и се продаваат терапии и медикаменти шверцувани од странство, најчесто од Косово кои се прескапи. Дури се појавија и „природни лекови“ од разни тревки и чаеви, како и „лој од гуска“ кои се препорачуваат како ефикасни лекарства против ковид-19 иако се од сомнително потекло и непроверени. (Е.А.)