Возачот на Ферари, Шарл Леклер, посакува да ја продолжи соработката со италијанскиот тим по завршувањето на сегашниот договор.

  • Сега имам договор до крајот на 2024 година, но веќе би сакал да го продолжам. Сакам да останам во тимот уште подолго. Верувам во Ферари и луѓето што работат тука, изјави Леклер за „Ла Република“.

Возачот од Монако, вози за Ферари од 2019 година. Тој има две победи, седум пол-позиции и 12 подиуми во Формула 1 шампионатот.