Лекар намерно заразил 90 лица со ХИВ

216

Најмалку 90 лица, меѓу кои и 65 деца, биле заразени со вирусот ХИВ во Пакистан од лекар, кој користел инфициран шприц.

– Го уапсивме лекарот откако добивме поплаки од здравствените власти, изјави Кампан Наваз, началник на локалната полиција, во јужниот град Ларкана. – Ни кажаа дека лекарот има ХИВ, вели тој.

Властите биле известени за тоа минатата недела, откако 18 деца од периферијата на градот дале позитивен резултат за вирусот, кој предизвикува СИДА, што ги поттикнало здравствените работници да извршат пошироки проверки.

Пронајдени се уште десетици инфицирани.

– Повеќе од 90 лица од тестираните се ХИВ-позитивни, а бројот на децата е околу 65, изјави д-р Абдул Рехаман, чиновник во областа на здравството во Ларкана.

Азра Печухо, министер за здравство на покраината Синд, го потврди неговото апсење.

– Беше анализирана и крвта на родителите на заразените деца, но нивните резултати беа негативни, додаде Печухо.

Пакистан се смета за земја со ниско распространет ХИВ, но болеста се зголемува – најмногу меѓу интравенски наркомани, проститутките и работниците мигранти, кои се враќаат од Персискиот Залив.