ФОТО: Лекарите го вратија Ериксен во живот, но…

932

Во финишот од првото полувреме од натпреварот меѓу екипите на Данска и Финска на Европското првенство во фудбал, најдобриот дански фудбалер, Кристијан Ериксен, колабираше, а мечот веднаш беше прекинат.

Лекарите веднаш пристапија да му помогнат и по петнаесетина минути успеаја да го вратат во живот. Потоа веднаш беше ставен на кревет и изнесен од теренот со боца кислород.

Според битанските медиуми Ериксон е во стабилна состојба, но тоа допрва треба да го потврдат лекарите и челниците на Данската фудбалска федерација.