Лекарите во Најроби стапија во штрајк поради лошите услови за работа

16

Лекарите од поголем број на јавни болници во главниот град на Кенија, Најроби денеска стапија во штрајк поради доцнење на платите и недостиг на заштитна опрема при приужање на помош на пациентите, кои се сомнителни на Ковид-19.

– Штајкот почна на полноќ, изјави генералниот секретар на кениската организација на лекари, фармацевти и стоматолози, Туранир Каугири.

Тој истакна дека во штрајкот учествуваат 320 лекари поради неадекватно здравствено осигурување, неквалитетна заштитна опрема и премалку изолирани одделенија за лекување на пациентите заразени со новиот коронавирус.

Штрајкот нема да влија врз приватните и јавните болници во Најроби, со кои раководи Владата на Кенија.

Во Кенија потврдени се 31.441 случај и 532 починати од последици од Ковид-19. Најголемиот број на инфицирани се во Најроби.

Извор:МИА