Лед-рефлектори го светнаа ТЦ Лисиче

340

Трговскиот центар во населбата Лисиче доби целосно ново осветлување. Старите и дотраени светилки се заменети со нови 108 лед-рефлектори и светилки, кои се и енергетски поефикасни.

За новото осветлување се издвоени 2,2 милиони денари од општинскиот буџет. Општина Аеродром ќе продолжи и во иднина да се грижи за подобрување на условите за живот на своите жители.