ВНИМАВАЈТЕ, ЗАЧЕСТИЈА ИЗМАМИТЕ ВО ЗЕМЈАВА: Легнуваш со чиста сметка, се будиш задолжен со кредит!

Брзите кредити што ги даваат финансиските друштва им го олеснија животот на голем број македонски граѓани. Но, на некои им го загорчија. Роднини и  пријатели се „послужуваат” со личните податоци на свои блиски и ги заглавуваат со кредити. Да бидат задолжени со кредит, а да не видат ниту денар од него им се случува и на граѓани на кои им се украдени документи со лични податоци. Оваа појава  во последно време е зачестена, потврдуваат од МВР за весникот ВЕЧЕР.  -Злоупотребата на личните податоци ја вршат познаници или роднини на оштетените лица кои што ја користат  блискоста на оштетените и по пат на измама ги доведуваат во заблуда наведувајќи ги да им ги приложат нивните лични податоци  кои што подоцна ги злоупотребуваат. Но, во одреден број на случаи злоупотребата се врши и преку кражба или наоѓање на изгубени лични документи, велат од МВР и  апелираат до граѓаните да внимаваат со кого ги споделуваат личните податоци.

535

Не така одамна за да се земе мало кредитче требаше да се фаќаат врски. Сега кредитот може да се порача преку интернет или по телефон и парите да легнат на сметка за кратко време уште истиот ден.

Брзите кредити што ги даваат финансиските друштва им го олеснија животот на голем број македонски граѓани. Но, на некои им го загорчија. Роднини и  пријатели се послужуваат со личните податоци на свои блиски и ги заглавуваат со кредити. Да бидат задолжени со кредит, а да не видат ниту денар од него им се случува и на граѓани на кои им се украдени документи со лични податоци. Оваа појава не е нова, а дека во последно време е зачестена, за весникот ВЕЧЕР потврдува Министерството за внатрешни работи.

Во Единицата за економски и компјутерски криминал при Сектор за внатрешни работи Скопје, во последните две години, евидентирани се зачестени пријави од страна на граѓани по предметниот кривичноправен настан. Од пријавите на оштетените граѓани, но и од преземените мерки и активности од страна на полициски службеници од Единица за економски и компјутерски криминал генерално може да се констатира дека  во еден дел од извршеното кривично дело „Злоупотреба на лични податоци“,  злоупотребата на личните податоци ја вршат сторители кои што се познаници или роднини на оштетените лица кои што ја искористуваат блискоста на оштетените и по пат на измама ги доведуваат во заблуда, наведувајќи ги да им ги приложат нивните лични податоци  кои што подоцна ги злоупотребуваат. Но, во одреден број на случаи злоупотребата се врши и преку кражба на лични документи или губење на истите од страна на сопственикот,  кои што лични податоци непосредно потоа се злоупотребуваат, велат од МВР за весникот ВЕЧЕР и апелираат граѓаните да внимаваат со кого ги споделуваат личните податоци.

(Целиот текст може да го прочитате во утрешниот број на весникот ВЕЧЕР)