Лев за Бундеслигата: Играчите се толку ентузијасти како 80.000 гледачи да се на стадионите

43

Селекторот на германската фудбалска репрезентација Јоаким Лев го сподели своето мислење за продолжување на германското првенство по пандемијата на коронавирус.

Фудбалот сега се разликува од тоа што беше порано, вклучително и од гледна точка на публиката. Треба да се навикнеме на недостаток на оној дел од возбудувањата за кои се одговорни навивачите. Од друга страна, јас сум пријатно изненаден од нивото на мотивација на играчите и тимовите, нивниот однос кон материјата, начинот на кој играат.

Може да се тврди дека играчите се желни за битка, сакаат да постигнат гол, да не промашуваат, да се натпреваруваат. После толку долга пауза, играчите играат со таков ентузијазам што се добива чувство дека играат пред 80.000 фанови на трибините, изјави Лев за „ДФБ-ТВ“.

Бундеслигата е првата од петте најсилни европски лиги кои продолжија по принудниот прекин поради коронавирусот.

Извор:МИА