Левандовски ќе ја заврши кариерата во американската МЛС лига

52
EPA-EFE/Adam Vaughan

Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, би можел да ја заврши фудбалската кариера во американската МЛС лига, најави денеска поранешната портпаролка на полскиот репрезентативец Моника Бондарович.

„Верувам дека следна станица на Левандовски по Барселона ќе бидат САД. Затоа и организирав и водев интервјуа со него во американските медиуми. Силата на името се гради однапред, пред да ја продолжите кариерата во таа земја, а не кога веќе ќе бидете таму“, рече Бондарович за полскиот сајт „Спорт“.

Левандовски (34) лани дојде во Барселона од Баерн Минхен и има договор со каталонскиот клуб до јуни 2026 година.

Полскиот репрезентативец во моментов се рехабилитира од повреда и на теренот би требало да се врати за две недели.