Доколку предвреме биде прекината соработката со крилниот напаѓач, Рахим Стерлинг, раководните лица на актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, ќе се обидат да ги осигураат услугите на полскиот интернационалец од редовите на Баерн (М), Роберт Левандовски. Репрезентативецот на Англија не крие дека е незадоволен од малата минутажа во актуелната сезона, додека Левандовски е заинтересиран за трансфер во редовите на Реал (М).