EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, потврди дека се здобил со скината тетива на стапалото, поради што пропуштил 13 натпревари од регуларниот дел од сезоната во НБА. Џејмс се повреди на 26 февруари, на натпреварот против Далас (111:108).

Триесет и осумгодишниот кошаркар изјави дека двајца лекари го советувале да се оперира и да ја заврши оваа сезона предвреме.

  • Не знам што ќе правам. Во моментов, не е потребно тоа, но подоцна ќе видиме. По сезоната, ќе направам магнетна резонанца и тогаш ќе одлучиме. Но, ако имам операција во оф-сезоната, нема да знаете за тоа. Не комуницирам со новинарите во оф-сезоната, а до следниот шампионат ќе бидам во ред – изјави Џејмс.