Еден од најдобрите кошаркари во светот, Леброн Џејмс, призна дека Лука Дончиќ е неговиот омилен играч. Популарниот „Крал“ никогаш не ги криел своите симпатии кон ѕвездата на Далас Маверикс, а Лука особено го воодушеви неодамна на натпреварите од плејофот против Феникс Санс.

На прашањето на фановите кој е неговиот омилен играч, тој одговори: „Лука. Тој дефинитивно е мојот омилен играч“.

На почетокот на оваа година, Џејмс беше прашан за играчите со кои најмногу би сакал да игра, а одговорот на ова прашање гласеше – Стеф Кари и Дончиќ.

И додека Џејмс со ЛА Лејкерс остана без плејоф, Лука со Маверикс игра во самата завршница. Во финалето на Западната конференција ќе игра против Голден стејт, а во случај на пласман во големото финале ќе ги одмери силите со Мајами или Бостон, финалистите од Источната конференција.