Во НБА лигата се случи една необична работа. Имено, мирниот и секогаш насмеан Јанис Адетокумбо го повика својот сегашен клуб Милвоки Бакс преку социјалните мрежи дека шири расизам и омраза.

Но, Милвоки не беше единствената мета на Јанис, односно на хакерот кој успеал да влезе во податоците на Гркот на социјалните мрежи, е-поштата, банкарските сметки и сè останато.

Лажниот Адетокумбо, меѓу другите, ги повика Бакс, Леброн Џејмс и неговиот соиграч Крис Мидлтон.

  • Бакс е расистички тим и ме нарекува црнец ако не постигнам 60 поени на натпревар… Еб*ниот Крис Мидлтон – сакам да играм со вистински шутери. Еб*инот Леброн Џејмс сакаше да ангажира убиец да ме убие, напиша, меѓу другото, хакерот на профилот на Јанис.

Исто така беше напишано дека е заразен со коронавирус, дека ги „мрази“ Азијците, но и дека спиел со сопругата на Стеф Кари, поради што започна истрага против хакерот.

Засега е јасно дека хакерот е љубител на НБА, затоа што, меѓу другото, изјавил дека Адетокумбо оди во составот на Голден стејт, нешто што започна да се шпекулира изминатиот период.

Информациите за хакерството на сметката на Адетокумбо ја потврдија и неговиот агент. Гркот, како и останатите НБА кошаркари деновиве стартуваа со тренинзи и се очекува наскоро рестарт на најквалитетното клупско кошаркарско натпреварување.