Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс се пласираа во финалето на Западната конференција на НБА лигата, откако славеа убедливо против Хјустон со 119: 96 за 4-1 во петтиот натпревар од серија до четири победи.

По десет години пауза, „езерџиите“ изборија пласман во финалето на Западот и тоа благодарение на најдобриот кошаркар на денешницата, Леброн Џејмс, кој мечот го заврши со 29 поени, 11 скока и седум асистенции.

  • Имам име и стаж во оваа лига, постигнав некои работи. Кога ќе одлучам да се приклучам на некој тим, тоа носи со себе некои одговорности. Со моето име доаѓаат и победите. Преземам одговорност за победа, пред сè. Јас разбирам како се чувствуваа навивачите на Лејкерс во последниот период. Во изминатата деценија не бевме практично во плејофот и не се боревме за титулата. Презедов одговорност да го коригирам тоа. Ние следиме само една цел – главната работа. Сите се собравме тука за титулата. Ние се храниме едни со други со енергија и тоа е најважно за успехот на нашиот клуб, истакна популарниот „Крал“.

Покрај Леброн, одлична партија одигра и Кајл Кузма со 17 поени, Маркус Морис придонесе со 16, Дени Грин со 14 и Ендони Дејвис со 13 коша. На спротивната страна најефикасен беше Џејмс Харден со 30 поени.

Во финалето на Западот, Лејкерси ќе играат против подобриот од дуелот меѓу ЛА Клиперс и Денвер.