Легендарниот кошаркар на Детроит, Ајзеа Томас, јасно стави до знаење што мисли за еден од најдобрите играчи на денешницата – Леброн Џејмс. Поранешниот играч на тимот од Мичиген не штедеше зборови за одличниот Леброн, додавајќи дека никогаш во кариерата немал искуство со одлични тренери.

  • Погледнете ги тренерите на секоја легенда во НБА и ќе видите од каде потекнува нивната величина, од филозофска гледна точка. Џабар, Меџик, Бирд, Џордан… Погледнете ја нашата НЦАА лига како и професионалните кошаркарски тренери, како и од кого научивме да играме кошарка. Леброн дојде во НБА директно од средно училиште. Кој му беше учител? – праша Томас, па си одговори: „Леброн е кошаркарски гениј. Затоа го нарекувам Алберт Ајнштајн во кошарката“.

Популарниот „Крал“ е сопственик на три титули во НБА-лигата, и е на добар пат да биде побогат за уште една доколку ја дојде до неа оваа сезона, бидејќи неговиот Лос Анџелес Лејкерс води со 2-1 во финалето на Западната конференција против Денвер. На последниот меч Леброн запиша нов трипл-дабл учинок од 30 поени, 10 скокови и 11 асистенции, но неговиот тим загуби со 114:106. Четвртиот меч од оваа серија ќе се одигра во петок наутро во 3 часот.