Како наближува крајот на регуларниот дел во НБА лигата, така тимовите, бар оние кои важат за фаворитти, ќе се обидат да го заверат пласманот во плејофот, доколку се уште не го направиле тоа.

Исто така постои и опција неколку од клубовите да играат плеј-ин за пласман во разигрувањето за титулата, формат во кој може да се најде и актуелниот шампион Лос Анџелес Лејкерс, бидејќи во моментов е на 5. место во Западната конференција. Тоа воопшто не му се допаѓа на Леброн Џејмс кој порача дека треба да биде отпуштен оној на кого му текнала оваа идеја.

Сепак, неговата изјава не мина баш најдобро кај легендата на Индијана, Реџи Милер, кој важи за еден од најдобрите шутери на сите времиња. Тој му порача на Лeброн да престане да плаче.

  • Каде беа овие разговори пред еден месец? Пред два месеци? Кога Лејкерс, Бостон, Далас беа сигурно едни од најдобрите шест екипи. Сега кога се надвор, сакаат да се внатре. Доста е со плачење, одговори Милер, па додаде:
  • Лејкерси паѓаат во плеј-ин зоната сега кога ги нема Леброн и Дејвис. Кога двајцата се здрави, Лејкерси се фаворити за титулата. Не сакам да го слушам ова плачање.