Лаутаро не мрда од Милано

42

Карлос Бето Жаке, агентот на аргентинскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Интер, Лаутаро Мартинез, се обиде уште еднаш да стави крај на сите дилеми кога е во прашање клупската иднина на неговиот клиент. Иако поголемиот дел од фудбалските медиуми ја пласираа и информацијата дека Реал (М) е подготвен да одвои 100 мил. евра за обештетувањето на Лаутаро, Бето потврди дека неговиот клиент и во новата клупска сезона ќе престојува на „Џузепе Меаца“.