Лаутаро Мартинез ќе добие 5 милиони евра

238

Агентот на напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез пристигна во Италија за да ги заврши преговорите за нов договор, објави на Твитер новинарот Николо Шира.

Аргентинецот ќе го потпише договорот кој ќе биде со важност до летото 2025 година. Неговата плата ќе биде пет милиони евра (плус бонуси) по сезона.

Дваесет и тригодишниот Аргентинец игра во Интер од 2018 година. Неговиот сегашен договор важи до 2023 година. Оваа сезона Мартинез постигна 10 гола на 25 настапи во сите натпреварувања.