EPA-EFE/Guillaume Horcajuelo

Швајцарската скијачка Лара Гут Бехрами го освои малиот Кристален глобус во Светскиот куп, откако победи на последниот супервелеслалом сезонава возен во Солде.

Олимписката шампион славеше со време од 1:26.70 минути и за 22 стотинки беше побрза од Италијанката Федерика Брињоне, а 47 стотинки од Норвежанката Рагнхилд Мовинкел.

Пред трката, пет скијачки беа во трка за малиот Кристален глобус во Супер-Џи, бидејќи имаше седум различни победници во претходните седум трки. На крајот го освои Гут Бехрами – четврти пат во кариерата, по 2014, 2016 и 2021 година.

Американската скијачка Микаела Шифрин, која претходно го освои големиот Кристален глобус, трката ја заврши на 14. место.