Голманот на германскиот ракометен гигант Кил, Никлас Ландин мораше да замине на операција на менискусот на коленото, што значи дека му претстој подолга пауза од теренот.

-Ландин морсше да направи операција. Проблемот е со менискусот, а првата прогноза е дека ќе паузира меѓу четири и шест седмици, објавија од лекарскиот тим на „зебрите“.

Кил нема да носи нов голман што значи дека целиот товар ќе падне врз Дарио Квенштед, кој бранеше одлично на премиерниот меч од ЛШ против Загреб.