Ламбе Алабаковски – Откако се врати од Америка, во Македонија го крштаваше помалиот син Димитриј

293

Како што е редот, крштавката беше исполнета со многу радост, песна, насмевки, емоции, прегратки… – Побогато ми е срцето сега, а душата сосема исполнета! Тато Ламбе јавно го објави овој среќен семеен момент, а во коментарот цитираше дел од Библијата: – Вие кои во Христа се крстивте, во Христа се облековте!

Откако се врати со семејството од Америка во родната Македонија, многумина не може да му се изначудат на македонскиот поп-пејач Ламбе Алабаковски. Се чудат поради тоа што младите си заминуваат од државата во потрага за подобар живот, а тој постапи обратно. Во Америка, се остави без да се покае и се врати во родниот крај. Сега сите се заедно, фамилијарно, во Битола. Деновиве, Ламбе, со сопругата Магдалена, му направи богата крштевка на синчето Димитриј, на неколку дена пред неговиот втор роденден. Инаку, синчето е родено таму, во Америка. Како што е куќниот ред (а Ламбе е фино воспитано дете), крштавката беше исполнета со многу радост, песна, насмевки, емоции, прегратки…

– Побогато ми е срцето сега, а душата сосема исполнета! Тато Ламбе јавно го објави овој среќен семеен момент, а во коментарот цитираше дел од Библијата: – Вие кои во Христа се крстивте, во Христа се облековте!
Инаку, во таа „пуста“ Америка, Алабаковски се откажа од музиката, имаше друга професија, се занимаваше со транспорт на аеродром. Многу, многу ретко ја споделуваше својата приватност со публиката. Голем број фанови веќе го имаат и подзаборавено, но чудото се случи прекуноќ. Во Македонија, Ламбе почна често да се појавува на заеднички концерти со своите колеги од естрадата, и сите го забележале тоа како негов кам-бек. Навистина е така.

Пејачот се врати на музичката сцена. Во блиска иднина, можеби во текот на летото, планира да издаде едно мини цеде со нови, забавни песни, а ќе учествува и на неколку летни фестивали, не да се натпреварува туку да ги промовира идните потенцијални хитови, на задоволство на публиката. Особено на задоволство на голем број девојки кои не го испуштаат од својот свет на обожавање. Впрочем, како некогаш. (Д.М.)