Поранешната ѕвезда во НБА лигата, Ламар Одом е „фатен“ во автомобил со австралиската актерка, трансродовата Даниела Алексис.  Засега нема многу детали за нивната врска, но многумина шпекулираат дека двократниот шампион со Лос Анџелес Лејкерс се впуштил во нова романтична авантура.

Човек кој има речиси 15 години НБА кариера и бурно минато што се однесува до приватниот живот, според многумина, сега е во врска со трансродова актерка.

-Еден од најубавите луѓе што сум ги запознала, напиша Алексис под објавата на нивното заедничко селфи и така крена бура од реакции.

Актерката која живее меѓу Австралија и САД доби неколку илјади лајкови и бројни коментари, меѓу кои и од познати личности. Ламар Одом одговори на оваа објава во коментарите.  Поранешниот кошаркар стави неколку срциња, како и смајли на кои наместо очи има срца, што предизвика големо внимание. Во некои од коментарите под објавите може да се забележат луѓе кои им честитаат, иако не е јасно дали тие двајца се сега во врска.

Даниела е австралиска трансродова актерка која има забележителна кариера во телевизиски серии. Таа е една од ѕвездите на серијата „Wentworth“, а моментално работи на неколку проекти кои треба да генерираат големо внимание во наредните години.

Ламар Одом е добро познато лице на љубителите на кошарката, бидејќи со Лејкерси стигна до титули во НБА. Неговиот приватен живот го одбележаа големи скандали, па дури и паѓање во кома по предозирање во бордел. Едно од неговите деца починало кога имало само шест месеци, додека врската со неговиот татко, кој бил зависник од дрога, никогаш не била целосно поправена. Некогаш беше во брак со Клои, една од сестрите Кардашијан.