Францускиот голман Сирил Домулан почна хуманитарна акција во Франција со цел да се соберат средства во борба со коронавирус.  Купувачите преку интернет можат да лицитираат за повеќе реквизити и дресови, а меѓу нив и на поранешната ракометарка на Вардар, Александра Лакрабер.

Тој имаше најголема цена од 420 евра што доволно говори за вредноста на дресот на поранешниот европски вицешампион.

Дресот на Немања Илиќ од Барса имаше цена од 320 евра, додека дресот што го носеше Флоријан Делакроа  во Сесон Рен достигна цена од 200 евра. Во понудата има и други дресови и разни додатоци со помали цени.