Лаказет се сели во Италија

78

Вечните ривали од италијанската Серија А, Јувентус и Интер, ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на францускиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Александре Лаказет. Поранешниот напаѓач на Олимпик од Лион веќе изјави дека сериозно ќе размисли за промена на клупската средина доколку неговиот тим повторно не обезбеди пласман во Лигата на шампиони. Неофицијално, двата клуба се подготвени да одвојат околу 60 мил. евра за неговото обештетување.