Лазетиќ замена за Ибра

72

Големиот српски талент од редовите на Црвена звезда, Марко Лазетиќ, e најновата милионска аквизиција на италијанскиот калчо гигант Милан. Фудбалските медиуми на Апенинскиот полуостров открија дека 18-годишниот напаѓач ги одработил задолжителните лекарски прегледи во Милано и дека од продажбата на Лазетиќ, раководните лица на „црвено-белите“ очекуваат заработка не помала од 5 мил. евра.