Македонската ракометна репрезентација  потешко од очекуваното ги прокнижи првите бодови на Европското првенство во Австрија, Чешка и Норвешка. Избраниците на селекторот Данило Брестовац во првиот натпревар од Б – групата минимално ја совладаа репрезентацијата на Украина со 26:25. Творец на победата беше капитенот на македонската репрезентацијата Кирил Лазаров, кој го постигна победничкиот гол во последната секунда од натпреварот.

Македонија на овој натпревар имаше многу осцилации, во неколку моменти од мечот имавме и предност од четири – пет гола. Но грешките во нападот и одбраната на „црвено – жолтите“ им овозможуваа на Украинците да се вратат во мечот, но радоста им ја скрати Лазаров со голот во последната секунда од мечот.

Најефикасен беше токму Лазаров со 8 гола, Манасков постигна 5, а Стоилов го заврши мечот со 4 гола. На голот маестрален беше Никола Митревски со 14 интервенции.

Фото: П.Стојановски