Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го објави списокот на ракометари за претстојните натпревари против репрезентацијата на Португалија во рамки на квалификациите за Европското првенство 2024.

На списокот на Лазаров се наоѓаат: голман Никола Митревски, Мартин Томовски и Марко Кизиќ десен бек: Томислав Јагуриноски, Мартин Серафимов и Мартин Велковски пивот: Жарко Пешевски, Костадин Петров и Марко Стојановиќ лево крило: Петар Атанасијевиќ и Цветан Кузмановски десно крило: Ненад Костески и Ален Ќосевски среден бек: Игор Ѓоргиев, Марио Танкоски, Марко Митев лев бек: Филип Талески, Филип Кузмановски, Иван Џонов и Павле Атанасијевиќ дефанзивци: Никола Марковски и Михајло Младеновиќ.

Македонската репрезентација игра во Групата – 1 заедно со репрезентациите на Португалија, Турција и Луксембург. Средбите со Португалија ќе се играат на 9 март во Скопје и на 12 март во Порто.