Францускиот ракометен гигант, екипата на Нант, запиша убедлива победа на дербито со Монпелје (36:26) и на тој начин ја заврши сезоната во домашното првенство за третото место на табелата.

Кирил Лазаров го заврши мечот со четири погодоци од пет обиди, а најефикасни во редовите на Нант беа Ривера и Монар со по седум гола.

За Нант ова беше и генерална проба пред настапот на фајнл-фор турнирот во Лигата на шампионите, во чие полуфинале противник на францускиот тим ќе биде Барселона.