Новиот селектор на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров го скрати списокот на 23 ракометари за двата квалификациски дуели за Европското првенство против селецијата на Данска.

Списокот на повикани играчи: Голмани: Никола Митревски, Мартин Томовски, Марко Кизиќ, Крила: Дејан Манасков, Цветан Кузманоски, Димитар Димитриоски, Гоце Георгиевски, Ненад Костески, Кружни напаѓачи: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Михаил Аларов, Бекови: Мартин Серафимов, Мартин Велковски, Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Филип Кузмановски, Марко Мишевски, Горан Крстевски, Игор Ѓоргиев, Филип Талески, Емилијан Ѓорговски, Михајло Младеновиќ.

Натпреварите против светскиот шампион се закажани за средината на март. Прво на 11 март Данска гостува во Скопје, а потоа Македонија ќе биде гостин во Алборг три дена подоцна.