Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров со својот Нант се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Французите се пласираа меѓу осумте најдобри благодарение на минималната победа на гостувањето кај полскиот шампион Киелце со 34:31.

Нант и Киелце одиграа неизвесен натпревар до самиот крај. На Киелце му беше потребен и нерешен резултат за пласман во четвртфиналето, но Французите не го дозволија тоа. Голема заслуга за победата на Нант има и македонскиот репрезентативец – селектор Лазаров, кој знаеше да подели добра асистенција кога беше најпотребно, но и да ја преземе одговорноста и да ја затресе мрежата на противникот само за да го зачува водството на својот тим.

Најефикасен во победничкиот тим беше Ривера со девет гола, Мине постигна осум, Кавалканти шест, а Лазаров го заврши мечот со четири погодоци. Кај Киелце најефикасен беше Кулеш со шест гола. Нант во следната фаза веројатно ќе игра со Веспрем, кој брани голема предност на вториот дуел со Вардар.

Португалскиот шампион Порто е елиминиран, откако на реваншот кај Алборг загуби со 27:244. Поради поголемиот број голови во гости, ракометарите на данскиот првак се радуваат на четвртфиналето.

Македонскиот голман Никола Митревски блескаше, собра дури 12 интервенци. Но ова не му помогна на гостинот да го следи чекорот на ривалот, и покрај лошата и неефикасна игра во нападот.

Кај Алборг најефикасен беше Клар со шест гола, а покрај Митревски и неговите петнаесет одбрани, во редовите на португалскиот шампион се истакна Итуриза Алварез со шест погодоци.

Германскиот бундеслигаш Кил на домашен терен славеше над ПИК Сегед со 33:28 и со втората победа во осминафиналниот двомеч се пласира меѓу осумте најдобри во Лига на шампиони. Во четвртфиналето Кил го чека мега-дерби со француски ПСЖ. Избраниците на Раул Гонзалез двоцифрено го поразија Целје на првиот натпревар, па реваншот е само формалност.