Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров, го објави поширокиот список на играчи за Европското првенство, кое во јануари следната година ќе се одржи во Словачка и Унгарија. На списокот се најдоа 35 ракометари, воглавно познати имиња, но поради ковид-протоколите на шампионатот, тој не повика четворица кои беа предвидени во неговиот список.

Репрезентацијата на Македонија е во група А заедно со Словенија, Данска и Црна Гора. Натпреварите ќе се одиграат во „Фоникс Арена“ во Дебрецен, Унгарија.

Списокот на Кирил Лазаров за ЕП: Н.Митревски, м. Томовски, М. Кизиќ, Б. Маџовски, Ц. Кузмановски, Г.Георгиевски.Н.Костески, Мпоповски, Т.Јагуриновски, С.Стоилов, Ж.Пешевски, Н.Маркоски. М. Апостолов, К. Симоновски, Ф.Талевски, Ф.Кузмановски, М.Младеновиоќ, Ф. Миркуловски, М.Мишевски, Г.Крстевски, Д. Кондев, И.Ѓорѓиев, М.Стојковски, М.Митев, М. Велковски, М.Серафимов, К.Лазаров, Г.Ојлевски, Г.Чаневски, Б.Трајковски, Т. Ончев, Д.Димитриевски, К. Петров, С. Атанасовски, А. Петковски.

Распоред на натпревари: 13.01.2022 Словенија – Македонија (18:00 часот), 15.01.2022 Македонија – Црна Гора (18:00 часот), 17.01.2022 Македонија – Данска (20:30 часот)

Фото: РФМ