Лажни се вестите за Феликс

139

Актуелниот шампион на Португалија, тимот на Бенфика, преку официјално соопштение ги демантираше информациите дека е постигнат договор со Атлетико (М) за трансфер на Жоао Феликс.

  • Како одговор на вестите од последните неколку часа, Бенфика сака да појасни дека не е точно дека постојат преговори за потенцијален трансфер на играчот Жоао Феликс. Условите на преговорите се јавни, имајќи ја предвид клаузулата за откуп од 120 милиони евра. Она што е уште посериозно и го заслужува нашето најсилно негирање е лажната вест дека преговорите вклучуваат провизија од 30 отсто. За жал, тоа се рефлектираше во Португалија од страна на весникот „А Бола“, за чии намери и цел воопшто не сме запознаени, се вели во соопштението.