Фронтменот на германската група Рaмштајн (Rammstein) Тил Линдеман не е заразен со новиот коронавирус, соопшти синоќа бендот на Фејсбук.

Германскиот дневен весник Билд вчера објави дека Линдеман е заразен со Ковид-19.

Но, според бендот, Линдеман вчера на совет на лекарите бил хоспитализиран.

– Тој ја помина ноќта на интензивна нега, но е отпуштен од таму откако се почувствува подобро. Тил е тестиран на коронавирусот и резултатите се негативни, соопшти Рамштајн.

Извор: МИА