„Лажев дека сум бремена за да не ме убие, имаше две бомби во раката“: Девојка за кобната ноќ кога ја киднапираше масовниот убиец од Младеновац

2366
PA-EFE/ANDREJ CUKIC

Жената која била во таксито што Урош Блажиќ го киднапираше по масакрот во Младеновац денеска е сослушана во Вишото јавно обвинителство во Смедрево. Таа доби статус на оштетена, потврди обвинителот Иван Конатар за Еуроњуз Србија. Нејзиниот вереник исто така бил испрашуван.

Планот е во наредните денови да даде исказ во обвинителството таксистот кој го управувал возилото таа вечер, а Конатар рече дека се наложени голем број сложени вештачења, меѓу кои балистички, психијатриски и ДНК.

Како што неофицијално се дознава, жената пред обвинителството рекла дека откако Блажиќ го украл возилото, ја измислила бременоста бидејќи се плашела дека може да ја убие. Рекла и дека осомничениот нејзе и на таксистот и се заканувал со смрт.
Обвинителството интензивно работи со полицијата на утврдување на потеклото на оружјето употребено во убиствата и начинот на кој обвинетиот го набавил оружјето.

Блажиќ ноќта меѓу 4 и 5 мај со истрели од автоматска пушка уби осум лица, тешко и лесно рани 14 од нив, а по апсењето во обвинителството го призна делото.

Блажиќ се товари за пет кривични дела: тешко убиство, недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и експлозивни материи, киднапирање и неовластено користење туѓо возило.

Тој е во притвор, кој му е одреден до 30 дена поради ризик од бегство, дека ќе влијае во постапката со влијание врз сведоците, поради можност да го повтори делото и поради вознемирување на јавноста.