Лавров апелира на прагматичен дијалог

37

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска го извести американскиот државен секретар Антони Блинкен оти Москва повикува на „прагматичен дијалог“ додека Западот бара знаци за деескалација околу Украина.

– Лавров нагласи дека е недозволена агресивната реторика на Вашингтон и неговите најблиски сојузници, и повика на прагматичен дијалог за целиот опсег на прашања покренати од Русија, се наведува во соопштението издадено по телефонскиот разговор со Блинкен.

Рускиот министер за надворешни работи нагласи и дека е неопходно да се продолжи „заедничката работа“.