Голем број фанови синоќа излегоа на улиците во Севиља да го прослават успехот на својот клуб во Лигата на Европа и освоениот трофеј.

Севиља во средата во финалето одиграно во Будимпешта ја совлада Рома по подобро изведување пенали и по рекорден седми пат триумфираа во второто по ранг европско клупско натпреварување.

Претседателот на шпанскиот прволигаш Хозе Кастро рече дека во минатото морепловецот Кристофер Колумбо носел сребро од Америка во градското пристаниште во Севиља, а сега тоа го прават неговите фудбалери.

  • Ви благодарам на сите што ни помогнавте да го освоиме овој трофе“, изјави пред насобраните навивачи тренерот на Севиља, Хозе Луис Мендилибар, кој седна на клупата на Севиља на средина од сезоната како привремено решение, а по големиот успех доби потврда од клупскиот претседател дека ќе ја предводи екипата и во следната сезона.