К-15 не им следува на сите, кои вработени немаат право на регрес?

659

Обврската за задолжителна исплата на К-15 стапи на сила во 2014 година кога на вработените во приватниот сектор како средства за годишен одмор им беа исплатени по околу 8.400 денари.

За годинава максималниот износ кој треба да легне на сметките на вработените е најмалку 9.610 денари или максимални 14.090 денари.

Работодавците имаат обврска до крајот на годинава да исплатат регрес но имајте на ум дека не на сите работници им следува К15.

Исплата на к-15 не треба да очекувате доколку е исполнет еден од следните услови:

1. Вработен сте во некоја јавна институција, односно во јавниот сектор. Вработените во јавните институции се уште немаат право на к-15 бидејќи со нивниот Колективен договор од 2010 тоа не е пропишано.

2. Имате стаж во фирмата кој не е подолг од шест месеци со што автоматски не ви следува исплата на регрес за годишен одмор. К-15 се исплаќа само на работниците кои се пријавени кај ист работодавач најмалку шест месеци

3. Доколку работите кај еден ист работодавач подолг период од шест месеци меѓутоа имате прекин во работниот стаж.

Треба да знаете и дека минималниот регрес за годишен одмор изнесува 40 % од просечната исплатена нето плата во РМ во предходните три месеци.

Но, имајте на ум дека се работи за 40% од просечната нето плата во Република Македонија, а не просечна плата во вашата компанија. Просечната плата во РМ се менува често, зависно од месецот во кој сакате да го исплатите регресот за годишен одмор треба да проверите во тој месец колку е просечната плата во РМ.