Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) реши да им даде право на клубовите да одлучат околу продолжението на сезоната во Првата лига.

Првата лига која моментно е прекината поради пандемијата со коронавирусот ќе заврши со едно од двете предложени сценарија за кои ќе гласаат клубовите.

Едното сценарио е МЗТ Скопје да биде прогласен за шампион, а двата последни тима да испаднат или првенството да се поништи и да нема првак ниту тимови што ќе се преселат во понизок ранг.

  • Прв предлог: Согласно моменталната табела, да се прогласи КК МЗТ Скопје Аеродром АД за шампион за сезона 2019/20, со испаѓање на двата последни клуба од Прва Лига-мажи. Втор предлог: Да НЕ се прогласи шампион за сезона 2019/20, со тоа што нема да има испаѓање од Прва лига-мажи. Ве молиме да ги разгледате двата предлога, и утре 29.04.2020 година (среда) со почеток во 11.30 часот, на видео конференција да го дадете својот глас. Напомена: Ќе се гласа по дадените предлози, и ќе се усвои предлогот со најголем број на гласови. Доколку при гласањето од присутните претставници има изедначен број на гласови, КФСМ ќе го даде последниот глас за начинот на завршување на натпреварувањето во Првата лига-мажи, се вели во дописот од КФМ до клубовите.